fbpx

Се огласи полицајката која имала оргии со шестмина колеги: Сопругот вели дека „работи на проблемот“

Голем скандал ја вознемири јавноста

„Не сакам да зборувам за тоа. Ќе продолжам со својот живот“, вели американската полицајка Меган Хол (26) од Тенеси која се најде во фокусот на досега невиден се*суален скандал.

Таа е суспендирана од работа откако истрагата потврдила дека имала редовни интимни односи со шестмина колеги од одделението, а страстите неретко се разгорувале во самата полициска станица.

Полицајката на колегите им праќала експлицитни фотографии, им ги покажувала градите во џакузи на афтер-ворк забави, орално ги задоволувала во станицата додека биле на должност, дури и јавно се фалела со „надареноста“ на нејзините колеги, притоа нагласувајќи дека е среќно мажена и дека со сопругот имаат „отворен брак“.

Истрагата за необичниот случај започнала откако градоначалникот на малиот град Ла Верн добил дојава дека Хол има афери со неколку колеги и дека имала „тројка“ со еден од нив и неговата сопруга.

Полицаецот Патрик Малоко признал дека спиел со фаталната полицајка повеќепати, а открил дека Хол му се пофалила дека колегата Пауел е „особено надарен“ и дека таа орално го задоволувала.

За ова дознала сопругата на полицаецот Пауел, која по шокот го претепала својот неверен сопруг и почнала да му се заканува дека ќе му ги одземе децата.

И друг полицаец за време на испрашувањето потврдил дека „неколкупати“ имал интимни односи со Хол.

Она што особено го привлече вниманието на јавноста е реакцијата на сопругот на неверната полицајка кој исто е вработен како полицаец, но во друга станица.

„Не се откажувам од бракот. Таа работи на проблемот и искрено се надевам дека ќе го преживееме и ова“, изјавил тој.

Следни Објави

Неочекуван пресврт: За ова досега се молчеше, конечно се огласи мајката на Ана Волш

Конечно се огласи мајката на Ана Волш, 39-годишната Србинка, инаку мајка на три сина, која исчезна на новогодишната ноќ. Миланка Љубичиќ им ги покажа на медиумите последните пораки кои ги разменила со својата ќерка непосредно пред да ѝ се изгуби секаква трага во Кохасет, Масачусетс. Таа вели дека се’ уште […]