fbpx

Неочекуван пресврт: За ова досега се молчеше, конечно се огласи мајката на Ана Волш

Конечно се огласи мајката на Ана Волш, 39-годишната Србинка, инаку мајка на три сина, која исчезна на новогодишната ноќ.

Миланка Љубичиќ им ги покажа на медиумите последните пораки кои ги разменила со својата ќерка непосредно пред да ѝ се изгуби секаква трага во Кохасет, Масачусетс.

Таа вели дека се’ уште не може да поверува дека Брајан ја убил нејзината ќерка и се надева дека Ана е жива и дека ќе се појави.

На 25 декември Ана ѝ испратила порака на мајка си во која ја прашува дали следниот ден може да се најдат во Вашингтон.

Мајка ѝ ја прашала зошто ова ѝ го најавува сега „во пет до дванаесет“, на што таа ѝ одговорила дека со сопругот Брајан не се во добри односи и дека конфликтот им бил воглавно за децата.

Разговорот подоцна тече вака:

Миланка: „Можеби ќе можам за седум дена. Морам да земам и лекови. Не знам колку би останала“.

Ана: „Утре. Те молам. На два месеци“.

Миланка: „Во колку часот е летот?“.

Ана: „7 или 13:30…“

Инаку, Ана Волш исчезна ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари. Нејзиниот сопруг Брајан ја пријавил како исчезната дури три дена подоцна. Истрагата покажала дека ја попречувал истрагата, а во подрумот од куќата биле пронајдени траги од крв и крвав нож. Исто така, на депонијата биле пронајдени крвави партали и тепих, а американската полиција се сомнева во најлошото сценарио.

Дваесет дена по исчезнувањето на Ана, Брајан Волш е обвинет за убиство, а според последните информации полицијата се сомнева дека ја распарчил во подрумот. Тој веќе е во притвор под обвинение дека ја измамил полицијата.

Во меѓувреме, порталот „Бостон 25“ потсети дека во 2014 година Ана пријавила дека Брајан ѝ се заканувал дека ќе ја убие, иако потоа се омажила за него, а во 2018 година објавила слика со модринка на нејзиното лице што можеби зборува за насилната природа на нејзиниот сопруг.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Малечко мое! Антониа Гиговска е бремена, младата пејачка го покажа идниот сопруг

На својот 22-ри роденден, популарната македонска пејачка која се прослави во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ сподели радосна вест. Антониа Гиговска е бремена, а на фановите им откри и дека се верила. „Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое! Отсега, секој […]