Ми рече дека нема да постигнам ништо во животот, а сега ми дава пари, открива таа
Згодната манекенка одлучи да ја сподели својата интересна животна приказна која стана хит во медиумите.
Вера Дајкманс, 22-годишен холандски модел, одлучи да отвори профил на сајтот за возрасни „Онли Фенс“. Како и сите девојки кои се одлучија на ваков тип заработка, и Вера пласира провокативни содржини за кои плаќаат мажи ширум светот.
Меѓу нив, верувале или не, Вера забележала дека е и нејзинот поранешен учител. Како што објаснува, го памети по реченицата: „Ти нема ништо да постигнеш во животот“, па не можеше да одолее, а да не се пофали дека сега добива пари токму од него. Ѝ понудил 1.200 евра за ексклузивно видео во долна облека.
„Кога првпат ми прати порака, се обиде да се однесува како воопшто да не ми бил учител. По некое време одлучив да поразговараме отворено. На почетокот се правеше луд, а потоа призна. Ми ги прати парите на сметка, не можев да поверувам“, вели Вера која признава дека никогаш не го сакала училиштето затоа што останатите ученици ја малтретирале.
Манекенката објаснува дека сега е воодушевена од моменталните околности и дека е среќна што заработува богатство од телото за кое некогаш била исмејувана.
„Конечно им се одмаздив на луѓето кои никогаш не веруваа во мене“, завршува таа.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО