fbpx

ВИСТИНСКО ЧУДО: Татко и ќерка извлечени од урнатините по 132 часа (ВИДЕО)

Сезаи Карабас и неговата ќерка Шенгул Карабас денеска беа извлечени од спасувачите на Газиантеп, Турција, по 132 часа поминати под урнатините.

На видеото кое се споделува на социјалните мрежи се слуша како таткото ги моли спасувачите да ја бараат и неговата сопруга за која верува дека сè уште е жива и заробена во урнатините.

„Бог да ве благослови. Мојата сопруга исто така се обиде да излезе пред мене, но претпоставувам дека не усепала во намерата“, им се обратил на спасувачите.

Оваа приказна со среќен крај граѓаните ја поздравија со силен аплауз. Тимот пребарувачи оптимистички им порача дека нивната работа сè уште не е завршена.

Според последните информации, во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија загинале 25.000 луѓе.

Следни Објави

Огромна загуба, почивај во мир! Македонија тагува по Симоновска

Почина Лефка Симоновска, првата жена ќеманџика од Македонија. Од мали нозе крадејки го ќемането од дома, научува да свири. Така се запознава и со својот сопруг Ќиро, верувале или не родени во ист ден, и со него основаат семејство. Нивна заедничка фотографија се наоѓа во Музеј на Македонија, каде останува […]