fbpx

Почина популарниот актер, серијата во која се прослави Македонците ја обожаваат

Холивуд тагува!

Почина актерот и комичар Ричард Белзер, најпознат по ТВ серија „Закон и ред: Специјална единица за жртви“.

Белзер (78) починал во својот дом во јужна Франција, соопшти неговиот долгогодишен пријател Бил Шефт за “Холивуд рипортер“.

„Секоја недела одевме на вечера во заливот Шепсхед за јастог. Еден од најсмешните луѓе досега. Мајстор на својот занает“, напиша актерката и комичарка Ларејн Њуман, која работеше со Белзер во „Saturday Night Live“ на Ен-Би-Си.

Белзер беше професионално најпознат по неговиот портрет на детективот Џон Мунк во повеќе од триста епизоди од драмата „Закон и ред“. Тој, исто така, го портретираше Мунк во полициската драма „Убиство: Живот на улица“ во 90-тите.

Следни Објави

Лошо произведена „машкост“: Сузана има важна порака до Латас и до Лазаров

„Покушајот“ во Фиќо кој е повеќе оставен на нашата фантазија , но сепак раскажан со доволно детали за да ја сфатиме неговата противправност (шамари, замаглени стакла, спомнување повеќе мажи, еден татин син и буткање во ситуација “немајкаде”) сугерира дека покрај жртвата во Фиќото, и тој што “покушавал” е жртва на […]