fbpx

Огромна тага! Почина ѕвездата од „Есмералда“, актерката се обрати со потресни зборови (ФОТО)

Почина мексиканскиот актер Игнасио Лопез Тарсо.

Беше ветеран на златното доба на мексиканската кинематографија, а на локалните гледачи им е најпознат од теленовелата „Есмералда“ во која го играше саканиот Мелесио.

Актерката Летиција Калдерон, која ја глумеше Есмералда, се прости од него на својот Инстаграм профил.

„Небото доби голема ѕвезда. Изгубивме одличен актер, маж, партнер, татко, дедо, пријател. Секогаш ќе се сеќавам како разговаравме и се смеевме со часови. Мојот Мелесио. Многу ќе ми недостига“, напиша Летиција.

ПРОЧИТАЈ И ОВА: Болеста на синот ја промени засекогаш: Тешката судбина на Есмералда

Игнасио (98) беше активен во театарот, но и на големото платно до крајот на својот живот. Во седумдецениската кариера оствари многубројни улоги, извесно време беше и член на Конгресот, а од него се прости и мексиканската министерка за култура, Алехандра Фраусто, која истакна дека оставил неизбришлива трага во неговата земја.

Следни Објави

Македонија тагува! Сите се простуваат од Игор, нека почива во мир!

Претседателот на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал, Стојанче Ангелов, сподели тажна вест на социјалните мрежи. Тој се прости од Игор Стефановски-Фифи (1969-2023), поранешен припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“. „Почина еден од најдобрите снајперисти на Единицата во тој период, храбар бранител од 2001-та и мој драг соборец. Бог да […]