fbpx

Конечно убави вести! Парите се префрлени, овие граѓани да си ги проверат сметките

Убави вести за младите, средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени

Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија седум месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени шест месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и за март.

Исто така извршена е и тековната исплата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци. Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите предвидени заклучно со тековниот месец.

На иницијатива на министерството, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти. За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, треба да достават пополнет и потпишан анекс на договорот (во три примероци) за соодветната стипендија.

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Нови детали за смртта на средношколецот Јован

Граѓаните бурно реагираат на социјалните мрежи по смртта на средношколец од Скопје кој починал пред три дена. Со шокантно тврдење прво ја вознемири македонската јавност универзитетската професорка Виолета Ачкоска која објави дека гимназијалец починал под сомнителни околности. Таа во меѓувреме го избриша статусот под кој се огласи и Сузана Тренчевска […]