fbpx

Проба да ја запроси на стадион и веднаш зажали: Вакво нешто не сте виделе (ВИДЕО)

Запросување на бејзбол натпревар во САД не заврши добро за момчето кое клекна на сред терен. Брзо беше совладан од обезбедувањето и соборен на земја во стилот на еден друг, уште попопуларен, американски спорт.

Инцидентот се случи за време на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Доџерс и Аризона Дајмондс, а видеото стана вирално на социјалните мрежи и собра милиони прегледи.

На снимката која е објавена на Твитер се гледа како маж клекнува и покажува кутија со прстен на жена од публиката, а потоа доаѓа чувар и го соборува на земја. Набрзо пристигнуваат уште двајца чувари.

„Вака треба да се неутрализираат сите предлози на стадионите“, напиша твитерџијата кој го објави видеото.

„Се прашувам каков одговор доби“, се заинтересираа останатите.

Ова не е единственото запросување среде натпревар со не баш среќен крај. Лани за време на хокеј натпревар, еден романтичар на градите ги испиша зборовите „Те молам кажи: Да, да, да“, но кога го виде девојка му веднаш ја напушти салата.

Следни Објави

Почина пациент, ново потресно сведоштво за македонското здравство

Шеесетгодишен маж од Пирок вчера околу 19 часот починал во тетовската болница откако не добил помош од лекарите, тврди неговото семејство, пренесува порталот на албански јазик Тетовасот. „Чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту […]