fbpx

Цеца и Сека ги направи ѕвезди, а потоа очи не сакаа да си видат: Неверојатниот живот на Саша Видиќ

На 52-годишна возраст почина познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ.

Според последните информации на тамошните медиуми, човекот кој соработуваше со најзвучните естрадни имиња бил хоспитализиран во многу лоша состојба. Имал почетна фаза на сепса и едноставно му немало спас, пишува „Пинк“.

Видиќ ги осмисли и ги дизајнира дресовите на српските спортисти на Олимпијадата во Лондон, а ги потпиша и дресовите на српската фудбалска репрезентација за Светското првенство во Русија. Беше основач на модниот бренд „Броз“.

Роден е 1971 година во Хрватска, едно време живееше во Бања Лука, за потоа да се пресели во Белград по избувнувањето на војната во Босна.

Соработуваше со Цеца, Сека Алексиќ и со Дара Бубамара, но со текот на времето овие музички ѕвезди од блиски соработнички му станаа главни непријателки кои често ги прозиваше во таблоидите.

Важеше за интригантна личност која немаше влакна на јазикот и отворено зборуваше на секоја тема. Во јавноста многу се полемизираше за неговата се*суална ориентација, а оваа тема беше една од ретките на која немаше коментар. Своевремено изјави дека не ги разбира луѓето кои се плашат од осаменост.

Следни Објави

Прв ѝ подаде рака, а таа брутално искрена! Се огласи Карлеуша по смртта на Саша

За ова досега молчеше Информацијата за прераната смрт на познатиот моден дизајнер и стилист Саша Видиќ (52) ја шокира српската естрада. Меѓу првите ѕвезди кои проговорија за односот со контроверзниот уметник е Јелена Карлеуша. „Длабоко ме потресе оваа вест. Не знам што се случува, многу млади ни заминаа.. Сè уште […]