fbpx

Се молевме, но таа повеќе не дише: Потресни сцени, малата Ангелина отпатува засекогаш

Ќе ви пукне срцето

Престана да чука и срцето на Ангелина. Цели 12 дена ова мало девојче се бореше за живот откако беше застрелана од 13-годишниот Коста Кецмановиќ. Лекарите направија се’, но не успеа да се спаси.

„Се молевме, но таа повеќе не дише. Дури на влезот во училиштето залепивме и постер со порака за нивно брзо закрепнување. Верувавме дека барем нешто добро ќе се случи, верувавме во нејзината младост и издржливост без разлика на повредите со кои се здоби. Но, ја изгубивме. Ни остана само Владимир, се надеваме дека барем тој ќе се спаси, ќе влезе во училницата и повторно ќе биде со нас“, велат другарчињата.

Ангелина стана десетта жртва на Коста Кецмановиќ. Несреќната девојка била на списокот за убиства кој бил пронајден на бирото на момчето во неговата соба, а она што дополнително вознемирува е што нејзиното име било испипано на парчето хартија токму десетто по ред, открива извор од истрагата.

Коста пред точно две недели во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар изврши масакр каков што Србија не памти. Застрела 16 луѓе со пиштолот на татко му за 120 секунди. Однесе во смрт осум девојчиња, едно момче и еден чувар. Ја рани наставничката по историја и петмина пријатели.

Следни Објави

Македонија тагува, уште еден живот прерано згасна: Почина Марко Петрушевски

Почина македонскиот писател, поет и филмски режисер Марко Петрушевски (роден 1975 година). Својата прва поетска збирка, „Еден млад збунет човек“ ја објави во 2001 година и за неа ја доби наградата на Струшките вечери на поезијата за дебитантска поетска книга. Своите кратки раскази ги објавуваше на порталот „Окно“ кој и ја објави […]