fbpx

Ана наздрави со гостите: По нејзиниот говор, свекрвата веднаш ја напушти свадбата

Ана и Димитар се забавувале уште во средношколските денови. За жал, идната снаа не била по мерка на неговата мајка. Таа правела сѐ што било во нејзина моќ да ги раздели, но Димитар бил до толку вљубен што бил подготвен да премолчи сѐ за да си ја зачува врската.

На денот на свадбата, невестата одлучила да одржи говор пред сите гости. Самоуверено го зела микрофонот и ѝ се обратила на свекрвата.

– Татјана, денеска наздравувам за Вас. Многу ви должиме, Димитар и јас. Направивте сѐ што можете да нѐ разделите. Нѐ озборувавте кај соседите, лажевте, се расправавте со нас.. Дури и на денешниот ден облековте бел фустан и се појавивте несреќна, тоа се гледа на Вашето лице. Ви благодарам! Благодарение на Вас, станавме посилни. Нашата љубов стана уште посилна! – ѝ порача снаата на свекрвата.

Во салата сите замолкнале. Кога невестата завршила со говорот, гостите се свртеле кон Татјана. Немала друг избор, освен да ја напушти свадбата. Поразена и засрамена!

Бев гостинка на таа венчавка. После тоа што го видов, си ветив дека никогаш нема никому да му застанам на патот. Која сум јас да судам за нечија љубов дали е вистинска? Бидете толерантни! Сакајте и бидете сакани!

Следни Објави

Мајка ѝ почина од рак, брат ѝ заврши трагично: Македонската пејачка за семејните трагедии

Животот воопшто не ја галел познатата македонска пејачка Адријана Ацевска која публиката ја препознава како Адријана Кеш. Низ годините се соочила со многу стресови и загуби, но како што самата кажа во една прилика, иако на тагата ѝ нема крај, животот мора да продолжи. Пред неколку години од акутна леукемија […]