Пред точно две години почина Марина Туцаковиќ, легендарна српска и југословенска кантавторка.
Оваа жена соработуваше речиси со цела регионална естрада, а едни од најдобрите стихови дефинитивно ги напиша за Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Скршена по повод годишнината од смртта, пејачката со емотивни видеа и фотографии се потсети на Туцаковиќ.
„Ми недостигаш, многу ми фалиш“, напиша Ражнатовиќ.
Убедливо најтрогателно е видеото во кое Ражнатовиќ ѝ се заблагодарува на Марина нарекувајќи ја нејзина втора мајка и одговорна за создавањето на нејзиниот друг идентитет на јавната сцена.