Познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева со емотивна посвета ѝ го честита роденденот на ќерка си.
„Во годината со многу двојки, мојата прва љубов Лора го слави 22-от роденден. Да ти се множат среќни и исполнети со љубов години, мила моја ќерко“, напиша таа на „Инстаграм“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
И цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш: Турунџиева проговори за мајка си
Пет години без Марјан: Турунџиева со трогателна посвета за сопругот
Со честитката објави и семејна фотографија, па нејзините следбеници имаа прилика да видат колку пораснал нејзиниот внук Јаков.
Лора се породи на седми март 2019 година, па за неколку дена повторно ќе дуваат свеќи.
Фото: Инстаграм
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.