По ангажманот во утринската програма, Ангела Лакиќевиќ јавноста ја запозна како водителка на популарното реално шоу „Парови“.
Ова познато ТВ-лице особено ја заинтригира јавноста со изборот на партнерите. Таа беше во врска со актуелниот натпреварувач во „Задруга“, Мирослав Мики Ѓуричиќ, но и со поранешниот „задругар“ Владимир Томовиќ.
Со Мики успеа да издржи дури пет месеци, а наводно раскинале поради притисок на одредени луѓе од нивното блиско опкружување. Ѓуричиќ подоцна тврдеше дека Ангела го напуштила во најлош момент.
„Ме остави кога починаа мајка ми, чичко ми, кога три другари ми починаа од кои едниот го убија.. Тоа ми беше најтешкиот период во животот“, раскажа тој.
Со Владимир, пак, на водителката ѝ се случи сосема поинаква приказна. Двојката се запозна за време на неговото учество во „Парови“, а почнаа да се забавуваат пред дочекот на 2017 година кога таа замина во Бар да го посети.
„Сепак, далечината си го направи своето. Останаа во коректни односи, повремено се допишуваат, но повеќе не се среќаваат“, открива нивен заеднички пријател.
Ангела никогаш јавно не зборувала за своите партнери, а во едно интервју раскажа дека ниеден маж не ја видел нејзината спална соба.
„Првиот кој ќе добие таква шанса ќе биде и мој сопруг. Едноставно е“, се пошегува таа.
Медиумите пишуваа и за нејзините наводни проблеми со алкохолот.
„Откако сфатив дека не знам да пијам, а тоа беше одамна, и дека алкохолот не ме прави подобра личност, престанав. Сфатив дека за сите сериозни теми треба трезвено да зборувам и да не правам хаос. Кога ќе се напиев, знаев да кажам дека ќе скокнам од мост, не знаев да се контролирам. Кога бев пијана, знаев да преспијам и во автомобилот и да не може никој да ме разбуди. За среќа, сето ова сега е минато“, раскажа во една прилика популарната водителка.
Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО