Во Белград синоќа на 65-годишна возраст почина музичарот Жељко Николиќ, фронтмен на групата „Розе Позе“.
Николиќ, кој последните години беше неподвижен, загинал трагично како последица од пожар, открија пријатели на музичарот на социјалните мрежи.
Николиќ е роден 1957 година, а првиот професионален ангажман го имаше во групата „Зебра“. Во средината на осумдесеттите заедно со Владо Чалиќ го основа бендот „Розе Позе“. Во 1989 година групата го објави синглот „Дај гол“, рефрен која стана особено популарен меѓу навивачите.
Прв вокалист во составот беше Оливер Ѓуриќ, но тој набргу го напушти бендот и неговото место го пополни Николиќ.
Групата престана со работа во 2002 година, а се реоформи осум години подоцна објавувајќи го изданието „Ко је рек’о рокенрол“.