fbpx

Се уверував дека ме подготвува за суровиот свет: Шокантно сведочење за Мика Алексиќ

По вчерашното маратонско петчасовно сослушување на актерката Милена Радуловиќ, денеска во судот се појави и нејзината колешка, српската глумица Ива Илинчиќ.

Таа денеска го замоли нејзиниот татко Срѓан Илинчиќ, кој во овој процес е и нејзин адвокат, да ја напушти судницата додека дава исказ, а тој ја испочитува желбата на ќерка си.

Ива претходно раскажа дека првпат била сексуално злоставувана на 17-годишна возраст.

– Не сум силувана. за среќа немам такво искуство, но во континуитет сум сексуално вознемирувана. Шест години молчев, негирав, никому ништо не зборував, буквално никому. Ми беше јасно дека е лошо. Кога првпат се случи, си реков: „Мика ми е како татко, не е можно ова да се случува. А, ако се случува, тогаш тој ме челичи, ме подготвува за суровиот свет на режисериите и придуцентите. Наоѓав оправдување, одбивав да прифатам. Игнорирав. А, потоа си признав себеси што беше огромен чекор – раскажа таа.

Алексиќ ги негираше сите обвиненија, но речиси сите угледни адвокатски канцеларии одбија да го бранат на суд.

Во меѓувреме повторно се огласи Радуловиќ која прва собра храброст јавно да раскаже дека професорот ја силувал кога имала само 17 години.

Проговори и уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.

Молкот го прекина и сопругата на Алексиќ, актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, Билијана Машиќ, на која животот преку ноќ ѝ се претвори во пекол.

Фото: Антонио Ахел/АТА Имиџис/Пиксел

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ни замина уште една легенда: Почина Бранка Станковска

Почина легендарната Бранка Станковска на 90-годишна возраст. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран која целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана […]