fbpx

Алексиќ негира сѐ, Милена пак се огласи: Нејзините зборови болат!

Актерката Милена Радуловиќ која прва јавно го обвини Мирослав Мика Алексиќ за силување и за сексуално злоставување, повторно се огласи во медиумите откако во меѓувреме притворениот наставник по глума беше сослушан и категорично ги отфрли сите обвиненија против него.

„Јас моментално не сакам претерано медиумско експонирање на оваа тема. Мое беше да не молчам. Но, јас не сум сама, тука се сите тие прекрасни девојки. Ова не смее да остане само – тој и јас. Се надевам дека ѝ останатите жртви ќе проговорат јавно“, вели Милена во своето обраќање.

По Радуловиќ, и нејзината колешка Ива Илинчиќ го обвини Алексиќ за сексуално злоставување. Во меѓувреме се огласи уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, сега веќе покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не сакал брак, а сега не може без неа: Најубавата љубовна приказна во Холивуд!

„Многу брзо ми стана јасно дека ако ја пуштам оваа девојка да си оди од мојот живот, ќе жалам засекогаш“ Холивудските бракови по правило се многу кратки, а вистинските љубови кои траат со децении се исклучително ретки. Затоа не е чудно што многумина сакаат да ја знаат тајната на најдолговечниот […]