fbpx

Животот ѝ стана пекол: Која е сопругата на Мика Алексиќ?

Медиумите во целиот регион секојдневно информираат за нови жртви кои тврдат дека биле психички или сексуално злоставувани од познатиот српски режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ.

Славниот наставник по глума се соочува со сериозни обвинувања и веќе е во притвор, а сега конечно се огласи и неговата сопруга на која животот преку ноќ ѝ се претвори во пекол.

Билијана Машиќ, инаку актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, признава дека ѝ е исклучително тешко.

„Јас сум негова жена и некако е јасно дека нема да давам никакви изјави на оваа тема. Ќе биде тоа што треба да биде. Разберете дека не ми е добро. Вчера некои луѓе цел ден кружеа околу нашиот дом. Јас не смеам ништо да зборувам. Морам да молчам – им изјави таа на новинарите.

Во меѓувреме, Алексиќ ги негираше сите обвиненија, по кои повторно се огласи младата актерка Милена Радуловиќ која прва собра храброст јавно да раскаже дека професорот ја силувал кога имала само 17 години.

По Милена, и нејзината колешка Ива Илинчиќ го обвини Алексиќ за сексуално злоставување.

Во меѓувреме се огласи уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, сега веќе покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Само едно е важно: Проговори актерката која го обвини Алексиќ за сексуално злоставување

Младата актерка Ива Илинчиќ првпат се огласи на социјалните мрежи откако по признанието на Милена Радуловиќ и таа собра храброст и го обвини професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ за сексуално злоставување. „Целта на оваа приказна беше на ова зло да му се застане на патот и единствено тоа е […]