Во болницата Прарам во Бангкок, на новородените бебиња им ставаат заштитни визири за да ги заштитат од потенцијално заразување со коронавирус.
Фотографиите кои ги направи „Ројтерс“ веднаш станаа хит на социјалните мрежи и го разнежнија целиот свет.
И додека католиците го слават Велигден, на Тајланд моментално се празнува Сонгкран, нивната Нова година. Сепак, со оглед на фактот што таму има 2423 потврдени случаи со коронавирус и 32 починати, од кои најголем дел токму во Бангкок, сите собири на јавни места се откажани. Минатата недела тамошната влада воведе полициски час во целата земја од 22 до 04 часот.