fbpx

Со овие мисли секогаш денот ќе ти биде најубав!

Постојано читаме мудри мисли, некои не прават тажни, други не развеселуваат, а повеќето од нив нѐ тераат да размислуваме, за највредното, за најважното..

Со овие мисли што ќе ги прочитате во продолжение, денот секогаш ќе ти биде убав! Главата горе, насмевка до уши и не дозволувај некој да ти застане на патот на твојата среќа!

* Вистинската мерка за еден живот не е колку луѓе слушнале за нашето име, туку дали сме влијаеле врз животот на другите.

* Можеби понекогаш е најдобро да си слеп, за да ги гледаш работите такви какви што се, и да не си заслепен од начинот на кој тие изгледаат.

* Запомни дека твојот најдобар пријател си самиот ТИ. Исто како што ги слушаш и почитуваш пријателите, слушај се и почитувај се себеси без никакво осудување.

* Не е важно како ја пресретнуваме смртта, поважно е како го пресретнуваме животот, да го живееме секој нов ден со надеж, храброст и љубов како да ни е последен.

* Можеби Бог сака да запознаеш неколку несоодветни личности, пред да го сретнеш човекот за тебе, за да бидеш на чисто со себе си.

* Твојот живот е манифестација на твоите соништа, тоа е уметност. И во секој момент можеш да го промениш доколку не уживаш во него.

* Секогаш ќе има луѓе кои ќе те повредат, но за секој случај треба да продолжиме да веруваме во нив.

* Ако сакаш да се чувствуваш богат, изброи ги сите свои работи кои не се купуваат со пари.

* Човек треба да биде доволно голем за да си ги признае грешките, доволно умен за да научи од нив и доволно силен да ги поправи.

* Немој да очекуваш да добиеш, ако не си спремен да дадеш.

* Ако си доволно среќен да добиеш втора шанса, немој да ја пропуштиш.

* Човек кој ги прави другите среќни, неможе да биде несреќен.

* Биди задоволен од она што го имаш, додека се бориш за она што го сакаш.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Како тоа молчешки прифативме неодење в црква?

Знам дека ова ќе предизвика реакции, но не ми е грижа; затоа што сакам Правда, и логични решенија. Не сум против владините мерки за оваа пандемија, но не можам да прифатам како тоа молчешки прифативме не одење в црква за Велигден, заради заштита?.Еве некои прашања:– Зарем се плашите да влезете […]