fbpx

Бог ти даде едно лице, а ти себеси си правиш друго

Научници од Универзитетот во Ливерпул неодамна докажаа дека делата на Шекспир влијаат позитивно на психата.

Во продолжение ви пренесуваме дел од неговите мудри мисли за животот.

„Ако музиката ја храни љубовта – свири“.

„Љубовта не гледа со очите, туку со умот. Затоа крилестиот Купидон е насликан слеп“.

„Ние знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме“.

„Сакај ги сите, верувај му некому, но никому не прави лошо“.

„Нашата судбина не е во ѕвездите, туку во нас самите“.

„Не постои ништо што е или добро или лошо, размислувањето го прави такво“.

„Нашиот мир треба да стои цврсто како карпеста планина“.

„Ниту едно наследство не е толку скапоцено како што е искреноста“.

„Бог ти даде едно лице, а ти себеси си правиш друго“.

„Слушајте многумина, разговарајте со некои“.

„За да направиш големо добро, направи малку лошо“.

„Кукавицата умира илјадници пати пред неговата смрт. Храбриот ја искусува смртта само еднаш“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО




Следни Објави

(ФОТО) Принцот Луис наполни две години

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт објавија неколку нови фотографии од најмалиот син, принцот Луис, по повод неговиот втор роденден, којшто ќе го прослават денеска. Сликите се дело на Кејт Мидлтон и се направени месецов, информираат британските медиуми. Луис е петти во редот за престолот. Кејт и Вилијам имаат […]