fbpx

Владата одлучи: Ограничено движење и овој викенд

На денешната седница на Влада донесовме одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници, напиша на својот фејсбук-профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Следни Објави

Никогаш нема да го уништиме: Научници со ново истражување за коронавирусот

Научници од Кина тврдат дека коронавирусот никогаш нема целосно да го уништиме. За ова се согласни и сѐ повеќе светски експерти кои велат дека вирусот ќе се враќа сезонски, како грипот. Како што пишува „Блумберг“, кинеските научници тврдат дека малку е веројатно коронавирусот да исчезне како што неговиот „постар брат“ […]