fbpx

Сите чекаме вакцина против коронавирусот: Што ако ја нема?!

Научниците се обидуваат да направат вакцина, светот е во исчекување, но што ако ја нема?

Научниците постојано зборуваат дека вакцина не може да се направи набрзина, дека нема да биде достапна до наредната година, но постои и уште полошо сценарио – никогаш да не биде достапна!

Во тој случај, сите би морале да научиме да живееме со коронавирусот. Во градовите мерките секако би биле поблаги од оние што сега се применуваат, но би морале да постојат. Тестирањето и следењето н контактите би станале наше секојдневие и би морале да научиме да живееме во самоизолција.

Иако најчесто се зборува дека вакцина ќе биде направена, научниците истакнуваат дека тоа не е сосема сигурно, посочувајќи некои примери од минатото.

– Постојат некои вируси за кои сѐ уште немаме вакцина. Не можеме да тврдиме дека вакцина ќе има, а и ако ја има, не знаеме дали ќе ги помине сите тестови на ефикасност и безбедност – вели д-р Дејвик Набаро од Империјал колеџот во Лондон.

Повеќето експерти, сепак, тврдат дека вакцина против коронавирусот ќе има, најмногу поради тоа што, за разлика од претходните вируси како ХИВ или маларија, коронавирусот не мутира толку брзо. Многу експерти прогнозираат дека вакцина ќе имаме во наредните 18 месеци.

Сепак, и да не биде направена вакцина, животот нема да остане баш таков каков што е сега.

– Животот во карантин не е економски одржлив, а и политички тоа не е изводливо. Затоа ни се потребни други работи за контрола на вирусот – вели професор Набаро.

Експертите предвидуваат дека, во случај да не биде пронајдена вакцина, многу поголем број луѓе ќе работат од дома, за канцелариите да не бидат преполни. Сепак, д-р Набаро истакнува дека сето тоа ќе може многу потешко да се имплементира во сиромашните земји.

Д-р Питер Бејлор од медицинскиот колеџ во Хјустон, пак, смета дека доколку нивото на новозаразени биде ниско, би можело повторно да се дозволат масовни собирања и спортски настани.

Доколку не добиеме вакцина во блиска иднина, рестриктивните мерки ќе бидат најстроги во зимскиот период, доколку вирусот не исчезне. Во тој случај, карантинот би можело повторно да биде единствената опција во било кое време.

Најпосле, дури и да не биде направена вакцина, научниците нагласуваат дека донекаде ќе нѐ штити колективниот имунитет кој ќе го забавува ширењето на вирусот. Секако, сите се согласни дека вакцината е најдоброто решение и изразуваат надеж дека ќе биде направена.

Следни Објави

Потврден говедски коронавирус во Македонија

По појавата на коронавирусот, на Факултетот за ветеринарна медицина започнаа и со тестирање на вирус кај животните и потврдени се неколку случаи на говедски коронавирус, информира телевизија „21“. – Направивме и неколку прелиминарни испитувања на материјали кои што ги имаме од животни кои што имале репираторни заболувања и кај добар […]