fbpx

Нова мистериозна болест: Досега починале стотици лица

Од непозната треска во Јемен досега умреле стотици лица, пренесуваат светските медиуми. Тамошните власти се обидуваат да го откријат причинителот на мистериозната болест во која досега загинаа стотици луѓе.

Неименуван владин службеник од Аден изјави дека директорот на Министерството за внатрешни работи, Ахмед Насир, починал од непозната болест, и дека тие претпоставуваат дека станува збор за треската чикунгуња, што ја пренесуваат комарци, или од белодробна  чума, информира агенцијата Анадолија.

Засега нема официјална изјава за причината за смртта кај луѓето. Друг владин извор потврди дека од 1 до 13 мај во Јемен од чумата, но и од други вируси, починале 623 лица, вклучувајќи и повеќе владини службеници.

Чикунгунија е вирусна болест што ја пренесува комарецот Aedes ae Egypti, што е носител и на вирусот Зика и на вирусот Денга. Луѓето заразени со вирусот чикунгуња доживуваат општа малаксаност, гадење, треска и силна болка и отекување на зглобовите.

Следни Објави

Ни се излизга меѓу прсти: Сопругата на Драган проговори за трагедијата

Сета таа љубов која ме опкружи од луѓе кои дури и лично не го сретнале Драган, мене ми ја стопли душата. Драго ми е што знам дека беше сакан и почитуван. Драго ми што тој беше мој сопруг, татко на нашиот син. Благодарна сум му што ми го даде Мартин, […]