Учителката Цанка Костова од основното училиште „Страшо Пинџур“ во Неготино одлучи на оригинален начин да ги изненади своите ученици кои последното тромесечије следеа настава од дома и со месеци ги немаше видено, пишува порталот „Деца.мк“. Поради мерките за заштита не можеше да ги гушне, но вистински ги израдува.
– Точно на 100-от ден од кога не сме на училиште, моите ученици имаа едно поразлично утро. Како времето минуваше, бев решена за миг да ги видам дечињата, па и да е само од далечина. Кога желбата и професијата се љубов, тогаш делата зборуваат. За кратко време беше сѐ спремно и реализирано. Беше ден различен од другите, ден полн со изненадување и емоции.. Ден полн со насмевки и среќни лица.. Голема благодарност до родителите за соработката и вниманието, а посебно благодарам Наташа Ганцева – раскажува учителката под видеото објавено на „јутјуб“.
(ФОТО) Ти си нашето сѐ: Порасна ќерката на Искра Трпева
(ФОТО) Има две ќерки и син: Ова е семејството на македонската гувернерка