fbpx

Дали вирусот „ослабна“ и колку навистина трае имунитетот?

Поминаа шест месеци. Што знаеме, а што не?

Првиот случај на Ковид-19 е забележан лани во декември во Вухан. Вирусот брзо се прошири и до сега е регистриран во повеќе од 200 земји. Што научивме во овие шест месеци за коронавирусот и каде најмногу грешиме, за национлниот српски сервис зборуваше вирусологот Ана Банко.

Таа изјави дека за пола година се добиени многу информации, а генетскиот материјал е комплетно познат од јануари 2020. Познат е и начинот на трансмисија.

Најголемата енигма според неа е односот на вирусот со домаќинот, односно со човекот. Нема ниту лек, ниту вакцина. Банко нагласува дека за неа и за нејзините колеги не е изненадување потеклото на вирусот бидејќи, како што вели, човекот е близок со животните, но изненадува брзината со која се шири.

Сличности и разлики со другите вируси

Според неа, сите овие вируси предизвикуваат сериозни акутни респираторни состојби и се врзуваат за исти рецептори. Смртноста кај Ковид-19 е далеку помала во однос на Сарс, но многу е поголема брзината со која се шири.

Дали вирусот „ослабна“?

Кога вирусот ќе премине од животно на човек, очекувано е да биде послаб. Но, овој вирус блгодарение на природната селекција преживеа и се адаптира на човекот. Често е прашањето дали е помала вируленцијата, а  Ана вели дека тоа не е докажано во ниту една досегашна студија.

Какви промени во геномот се докажани?

Промената во геномот е докажана во февруари кај луѓето во Европа, Америка и во Австралија, и како што наведува таа, прашање е дали недостатокот од рестриктивни мерки во САД допринело за тоа. Постои теорија дека тоа води до зголемена инфективност на вирусот, но и тоа не е докажано.

Колку трае имунитетот?

Кога станува збор за имунитетот, за претходните вируси од истата фамилија се зборуваше дека трае најмногу две до три години. Но, сероепидемиолошките студии покажаа дека само пет до десет отсто од луѓето биле во контакт со вирусот. Исто така, последното истражување во Кина покажа и дека оние кои немале симптоми губат дури 70 отсто од антителата.

Моментално постојат околу 140 истражувања на вакцини, а новитет е што паралелно се прават испитувања во повеќе клинички фази.

Постои ли поинаков имунитет?

Ана Банко наведува дека не е сѐ обесхрабрувачко и дека постои уште едно ниво на имунитет. Последната недела се покажа дека луѓето кои немаат антитела, а семејно биле во контакт со заразени лица, изгледа дека имаат мемориски Т-клеточен имунитет кој можеби е суштински за оваа инфекција и истиот не треба да се запостави во идните истражувања.

Можеби ќе ве интересира:

Лекувал илјадници заболени од корона: Луѓето не разбираат дека само една работа може да ги спаси!

Следни Објави

Помагаше и кога немаше за себе, по два абортуси стана мајка: Животната приказна на Тамара Грујиќ

Омилениот лик од ТВ-екраните, Тамара Грујиќ, живее еден сосем обичен, но исполнет живот и се труди што повеќе луѓе во целиот регион да бидат среќни Тамара Грујиќ е родена 1977 година во Белград. Нејзините претци по мајчина страна се по потеклно од Херцеговина и Хрватска, а по татко од Војводина. […]