Марина Туцаковиќ, долгогодишна семејна пријателка на Бојан Јовановски и последна на листата со сведоци предложени од одбраната за случајот „Меѓународен сојуз“, конечно проговори за осудениот поранешен шоумен.
– Во контакт сум со неговата мајка, се слушаме повремено. Што да прави жената, тој е осуден на многу години, но ќе поднесе жалба, па сите се надеваат дека казната барем малку ќе му ја намалат и дека барем дел од истата ќе може да ја отслужи во домашен притвор – вели Туцаковиќ за „Стар“.
Таа дополнува дека познавајќи го Боки, затворот е многу лоша опција за него и дека затоа здравјето сериозно му се влошило.
Туцаковиќ е една од најпознатите текстописки на Балканот. Нејзиниот сопруг, исто така на барање од одбраната на Јовановски, сведочеше во случајот „Рекет“ за кој поранешниот неформален сопственик на „1ТВ“ неправосилно е осуден на 9 години затвор.