Инфицираните капки со коронавирус во воздухот може да опстанат дури еден час, тврди британскиот виролог Венди Баркли. Таа нагласува дека ова било и причината Светската здравствена организација да го промени својот официјален став, признавајќи дека трансмисијата на вирусот преку воздух сепак е возможна.
Кога е во прашање, пак, употребата на маски за лице, Баркли која е вработена во лондонскиот „Империјал колеџ“ објаснува дека нивната намена е да се заштитат здравите од заразените, бидејќи истите можат до одреден степен да спречат пренесување на коронавирусот преку капки, вели таа за „Гардијан“.