Музичарот Владимир Крстевски-Франц по вторпат стана татко. На својот профил на „Фејсбук“ поранешниот член на „Нокаут“ објави дека на 31 јули се родила неговата втора ќерка.
На 31 јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние – напиша тој.
На први јуни лани, музичарот првпат стана татко кога неговата сопруга Ема ја роди ќерката Мелоди.