Младиот новинар Марио Пинјух од Меѓугорје почина на 31 година од коронавирус, информираат босанските медиуми.
Пинјух последните две години бил вработен во радиото Мир. Неговите колеги се шокирани од трагедијата и масовно се простуваат од него на социјалните мрежи.
Марио е роден на 5 мај 1990 година во Мостар. Дипломирал на Катедрата по англиски јазик и книжевност.
Марио бил позитивен на Ковид-19 и итно хоспитализиран. И покрај напорите на лекарите да го спасат, по неколку дена починал на клиниката во Мостар.