fbpx

Летај со ангелите добра душо: Пријателите во шок по смртта на Нино

Почина скопјанецот Нинослав Стојчев. Се’ уште нема официјални информации за причината за смртта, но судејќи по емотивните посвети кои се споделуваат на социјалните мрежи, најверојатно бил позитивен на Ковид-19.

Меѓу бројните пријатели кои се простија од Нино е и пејачката Нина Јанева.

„Зошто вака? Не можам да се сопрам од солзи. Летај со ангелите добра душо. Не можам да поверувам. Не е можно“, напиша таа на „Фејсбук“ објавувајќи нивна заедничка фотографија од пред десет години.

Неговите блиски се шокирани од тажната вест и се’ уште не можат да ја прифатат и да поверуваат во истата.

„Пред некој ден се слушнавме. Рече, добри сме, кашламе. Мислев дека ќе те одмине, ама не излезе така. Поздрави ги другарите горе, па се гледаме таму некаде, да одиграме партија карти и да испушиме уште по една цигара пред да одиме дома. Почивај во мир Нино“, напиша негов другар.

Следни Објави

(ФОТО) Мора да ги имате: Чизмите кои се хит оваа сезона!

Ја нарекуваат модна икона на денешницата. Една од највлијателните инфлуенсерки во светот, Оливија Палермо, уште еднаш блесна во комбинација на која жените воздивнуваат. Овојпат е фотографирана на улиците во Њујорк во долг кожен фустан-мантил, но она што особено ги воодушеви сите се чизмите со подебели потпетици кои се хит оваа […]