Очигледно пандемијата не го спречи кралското семејство да ужива во овој претпразничен период
Принцот Вилијам и Кеј Мидлтон ја продолжија симпатичната традиција на испраќање на персонализирани честитки за Божик, а оваа година со трите деца се фотогрфираа покрај наредени дрва подготвени за камин.
Фотографијата се појави на социјалните мрежи малку порно од очекуваното и сѐ уште не е официјално објавена на нивниот профил на „Инстаграм“.
На новата чеситка особено е расположен принцот Луис, додека принцот Џорџ и принцезата Шарлот се повоздржани.
Оваа фотографија всушност била наменета за сите здравствени работници на кои кралското семејство прво им посака Срекен Божик и Нова година. Се претпоставува дека е направена на нивниот имот во Норфолк каде и го поминаа поголемиот дел од времето во карантин.