Познатиот светски хит Jerusalema кој стана глобален предизвик, очигледно е омилена песна и на вработените во една позната македонска банка.
Видеото во кое 23 колеги танцуваат пред нивната експозитура на Плоштад Македонија веќе масовно се споделува, а реакциите се урнебесни.
„Трепнете ако е мобинг“ и „Она кога жирантот ќе ја исплати и последната твоја рата“ се само дел од коментарите.