Почина хорскиот пејач Игор Пармаковски кој со години се бореше со Кронова болест. Неговата состојба беше критична, а семејството на битолскиот музичар постојано апелираше на социјалните мрежи за помош и донации од хуманите граѓани.
Хуманитарни настани организираа и неговите колеги од Националната опера и балет кои и ја потврдија информацијата за неговата смрт.
– Со голема тага ја примивме веста за прераното заминување на нашиот колега, соработник и драг пријател. Почивај во мир, нека ти е светол патот! Искрено сочувство до семејството! – напишаа тие на „Фејсбук“.
Почина ѕвезда од 90-тите: Пронајдена е мртва пред нејзиниот дом
Пармаковски лани отворено раскажа како болеста го довела до 39 килограми.
– Се манифестира со почести и понекогаш крвави столици. Кај осумдесет проценти од заболените се манифестира со едем (оток) кај спојот на тенкото со дебелото црево. Истава патологија може да се јави и на кој било дел од тенко и дебело црево. Исто така од внатрешноста на цревото може да се направат афти, фиброза, чир и отоци, со што практично тоа изгледа како „калдрма“. Поради овие промени во цревата страда целиот организам со дехидрирање, болки, температура, замор, губење на апетитот, промени во крвната слика – раскажа тој за порталот „ММС“.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.