fbpx

Наместо 10, ќе починат 20: Д-р Кунгуловски за британскиот сој на коронавирус

Последни информации за британскиот сој

1. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно ако требало да се заразат 1000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно.

2. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со не-британски соеви. Значајно.

3. Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1000, ќе се заразат 1500 и наместо да починат 10, ќе починат 20. Значајно.

4. Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој. Значајно.

Пандемијата е далеку од завршена. Едиствениот спас е глобалната вакцинација, што побрзо толку подобро. Дотогаш, следете мерки, носете маски, не престојувајте во непроветрени простории, не престојувајте во затворени простории подолго време, бидете разумни, не мислете само на себе туку мислете и на останатите околу вас.

Паниката не користи никому, додека пак разумна претпазливост и мониторинг користат секому.

Фејсбук-статус на д-р Горан Кунгуловски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Неверојатна приказна на Гордана: Кога ќе слушнете кој е човекот на сликата..

Сега проси на улица Докторката Гордана Јовин одлучи да сподели тажна животна приказна за својот колега од факултет кој сега деновите ги поминува на улица молејќи за милостина. – Денеска повторно се соочив со една голема животна лекција. По напорниот ден посакав да прошетам во центарот на градот. Ладно јануарско […]