fbpx

Извинете за солзите: Стефанатор проговори за борбата со рак на тестиси

Со солзи во очите, македонскиот јутјубер Стефан Рашкофиќ (23) во дваесетминутно видео одлучи да проговори за ракот на тестиси кој му бил дијагностициран на 23 јули минатата година.

Популарниот Стефанатор вели дека тој ден нема никогаш да го заборави.

„Најлошото нешто што можете да го направите во тие моменти е да го земете телефонот и да гуглате. Веднаш во глава ти доаѓаат илјада сценарија, веднаш помислуваш на најлошото“, ја почнува својата исповед момчето кое се прослави и по серијалот „90 секунди“ каде досега гостуваа многу познати личности од различни сфери на јавниот живот.

Стефанатор во детали зборува за неопходната операција која морал да ја направи, за четирите циклуси на хемотерапии, но и за последиците од истите.

Тој веднаш доби масовна поддршка. Видеото го сподели и актерот Васил Зафирчев кој порача да се надеваме дека оваа храбра и емотивна приказна некому ќе значи животна сила, поттик и инспирација.

„Силна поддршка и искрена желба за побрзо закрепнување на Стефанатор и на сите мажи кои се борат со оваа болест“, напиша Зафирчев.

Емотивното обраќање на оваа чувствителна тема за машкото здравје која кај нас се’ уште е табу можете да го погледнете во продолжение.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Емотивна средба: Атиџе запеа со талентираната и храбра Дени Жерновска

Пријателството меѓу Сузана Турунџиева и Атиџе Муратовска наиде на голем интерес кај македонската јавност. Судејќи по тоа што го објавува на социјалните мрежи, популарната пејачка и водителка досега успеа да ѝ исполни неколку желби на хероината од македонскиот оскаровски документарец „Медена земја“. Турунџиева овојпат ја врати Атиџе во школските клупи […]