fbpx

Имаше само 15 години: Морничави детали за самоубиството на Милица

Пред пет дена јавноста во регионот се вознемири од информацијата за самоубиството на младата кошаркарка на Партизан, Милица Мркела, која имаше само 15 години.

Неверување и шок: Се самоуби 15-годишната Милица

Сега се огласи Јелица, сестрата на српските кошаркарки Милица и Ана Дабовиќ, која, меѓу другото, откри дека пред трагедијата Милица ѝ се обратила и ѝ кажала дека има проблеми.

„За жал, оваа девојка пред еден месец ми напиша на „Инстаграм“ дека се соочува со тешко насилство и дека не гледа друг излез од таа ситуација, освен да си го одзеде животот. Ѝ реков дека за секој проблем има решение и да ми напише за што конкретно станува збор. Но, не ме послуша. Престана да ми пишува, а потоа и го исклучи профилот. Иако на тој профил не беа нејзините вистински податоци, по деталите кои ми ги опиша во пораките, кристално е јасно дека беше таа. Ова е веќе трета личност која се самоубива поради злоставување, а која за тоа претходно ме известила. Навистина морбидно“, напиша Дабовиќ на „Фејсбук“.

Во истата објава таа упати апел до сите девојки.

„Запомнете! Нема ништо поглупаво од тоа да молчите и да го штитите вашиот предатор и да мислите дека единствено со самоубиство ќе ги решите проблемите. Верувам дека освен злоставувањето кое оваа девојка ја однесе во гроб, има најмалку уште еден сведок кој знае поради што ова се случило и дека никогаш повеќе нема мирно да заспие ако продолжи да молчи“, порача Јелица.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Преживеал два логора, трипати се женел: Тешкиот живот на Власта Велисављевиќ

Легендарниот актер Власта Велисављевиќ (95) почина од коронавирус, јавуваат српските медиуми. Тој беше најстариот активен уметник во цела Европа и последниот жив глумец кој го запознал Нушиќ. Преживеал два логора. Во 1943 година бил уапсен и однесен во нацистичкиот логор Дортмунд Херде. Успеал да побегне и да се врати во […]