fbpx

МРТ ја послуша шефицата: Откажување на настапот на Гарванлиев ќе нè чини пари и углед

Васил Гарванлиев останува македонски претставник на „Евросонг“ во мај во Ротердам, одлучи националниот сервис.

Од Македонската радио телевизија (МРТ) конечно се огласија, откако по жестоките реакции во јавноста беше формирана комисија за утврдување одговорност.

„Комисијата обрна посебно внимание и го цени укажувањето на шефицата на делегацијата во извештајот дека евентуалното откажување од настап на „Евросонг“ би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки“, стои, меѓу другото, во соопштението.

Бугарски пасош има 20 години: Тешката животна приказна на Гарванлиев

Според извештајот на работната група, првиот „случај“ во јавноста настанал по објавувањето на спотот.

„Станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Тоа значи дека работната група веднаш реагирала и на таков начин спречила дополнително нарушување на кредибилитетот на МРТ“, информираат од МРТ.

Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочила дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет.

„Согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи“, велат од МРТ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Имаше само 15 години: Морничави детали за самоубиството на Милица

Пред пет дена јавноста во регионот се вознемири од информацијата за самоубиството на младата кошаркарка на Партизан, Милица Мркела, која имаше само 15 години. Неверување и шок: Се самоуби 15-годишната Милица Сега се огласи Јелица, сестрата на српските кошаркарки Милица и Ана Дабовиќ, која, меѓу другото, откри дека пред трагедијата […]