fbpx

Ќе остане синоним за една љубов: Трогателна посвета за Хаџиманов

Легендарниот македонскиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов (77) денеска почина од последици на Ковид-19 во Белград.

Дел од медиумите, повикувајќи се на негов статус од петти март, објавија дека тој и неговата сопруга се вакцинирале, па многу е веројатно дека се заразил пред ревакцинација.

Хаџиманов беше неповторлив уметник и боем што му се радуваше на животот. Во едно од неговите последни интервјуа призна дека „Едноставна песна“ е рефренот кој најсоодветно го отсликува неговото животно мото.

„Едноставно да успеам да запишам како дишам, ќе ми појде ли од рака неродено да занишам. Едноставно сам себеси се осудив и се мачам трошка песна да испеам, трошка човек да означам“, се дел од стиховите.

Тажната вест за неговото заминување обедини луѓе од различни генерации во цел регион. Емотивни посвети за неповторливиот шоумен цел ден се објавуваат на социјалните мрежи.

„Аплаузи за великанот“, напишаа од навивачката група Комити Скопје.

Се огласи и легендарниот радиоводител Драган Б.Костиќ.

„Вардар ќе тече, песната ќе ечи од грла на генерации современици и идни. Можеби ликот во некои времиња идни ќе биде и подзаборавен, но неговиот глас ќе биде синоним за една љубов сплотена околу името на Вардар, реката и спортскиот клуб. Вечни биле како и тој, Зафир Хаџиманов, Македонец каде и да бил“, напиша тој на „Фејсбук“.

Хаџиманов е роден во Кавадарци, а речиси целиот животен век го помина во Белград. Беше во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Фото: Немања Панчиќ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Дејан, ти благодарам за сè: Сања Лукаревска скршена од болка

Директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска, со емотивна посвета се прости од свој близок пријател и колега. „Што и да напишам, нема да е доволно. Единствено знам дека ова не беше во ниеден план. Не смееше вака. Ти благодарам за сè Дејан. И за другарството, и за соработката, […]