fbpx

Не постои диплома за домаќинките: За писмото на оваа жена зборуваат сите

Уморна секојдневно да дава отчет што прави по цел ден, една жена одлучи да даде свое видување кое набргу стана таканаречено женско свето писмо наменето за сите дами кои се предодредени да им служат на домот и на семејството.

Овој текст е задолжителна лектира за сите луѓе на овој свет за одблиску да ја разберат улогата на мајката и за сѐ што таа жртвува за мир во домот.

Сѐ започна со замислена ситуација во која еден маж се пожали кај психологот дека неговата сопруга не работи.

Разговор помеѓу мажот (М) и психологот (П)

П: Со што се занимавате господине?

M: Работам како сметководител во банка.

П: А вашата сопруга?

М: Таа не работи, домаќинка е.

П: Кој подготвува ручек за вашето семејство?

М: Мојата сопруга, бидејќи таа не работи.

П: Во колку часот наутро станува вашата сопруга?

М: Станува рано затоа што мора да се организира. Го подготвува ручекот за децата. Се грижи за нивниот изглед. После појадокот им помага да измијат заби, им помага да се подготват за на училиште. Наутро се буди со нашето бебе на кое треба да му смени пелени и да го облече. Додека го дои, подготвува појадок за сите нас. Пописот на задачи кои таа ги извршува не запира тука..

П: Како одат вашите деца на училиште?

М: Мојата сопруга ги вози бидејќи не работи.

П: Штом ќе ги остави во училиште што прави вашата сопруга подоцна?

М: Најчесто смислува што треба да заврши во текот на денот, па оди во банка да плаќа сметки, па до продавница со бебето. Понекогаш заборава да купи нешто, па заедно со бебето се враќа во град. Кога ќе се врати дома, го пресоблекува, му подготвува оброк, го дои и го успива. Додека бебето спие, таа го подготвува ручекот, пере, пегла, ја чисти куќата. Ама знаете, таа не работи.

П: А вие кога ќе дојдете дома, што правите?

М: Се одмарам по напорниот ден поминат на работа.

П: Чекајте, а што се случува навечер? Што работи вашата сопруга навечер?

М: Ја подготвува вечерата, ја поставува масата. Потоа ги мие садовите, ја средува кујната, а остатоците од храната ги дава на нашето куче. Им помага на децата со домашните задачи, а потоа ги облекува во пижами, им помага при перењето заби и на крајот ги успива. Го бања бебето, го пресоблекува и го успива. И тогаш се одмара. Не мора рано да стане, не оди на работа.

Оваа дневна рутина е реалност за многу мајки во светот. И на крај, ќе речат дека таа ништо не работи?? За домаќинките не постои диплома, ама нивната улога е клучна во семејниот живот. Сакајте ги и почитувајте ги вашите жени, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки.. Нивната жртва е непроценлива!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нема да се вакцинирам: Гоца Тржан ја откри причината

Гоца Тржан призна дека нема да се вакцинира против коронавирусот, па ја откри причината за тоа. „Одам на вонтелесно оплодување, а кажано ми е да не примам вакцина ако планирам бременост. Ако Бог даде, кога ќе родам дете, тогаш ќе размислам“, изјави познатата пејачка. Тржан раскажа дека се обидува да […]