fbpx

Омилен, скромен и религиозен: Кој е јорданскиот принц Хамза?

За него велат дека е секогаш во контакт со обичниот народ, особина што ја немаат останатите членови на неговото семејство

Судбината на поранешниот престолонаследник на Јордан, Хамза бин Ал Хусеин, засега е нејасна откако тамошните власти упаднаа во палатата и уапсија двајца негови соработници по наводна дојава за планиран државен удар против кралот Абдула.

Во видеото кое го испрати до светските медиуми, Хамза вели дека моментално се наоѓа во куќен притвор, додека војската тврди дека му е наредено само да ги стопира акривностите кои „ја поткопуваат безбедноста и стабилноста на земјата“.

Владејачкото семејство на Јордан води потекло од исламскиот пророк Мухамед. Принцот Хамза (41) е помладиот син на покојниот крал Хусеин и е полубрат на кралот Абдула Втори.

Кога неговиот татко, кралот Ал Хусеин, почина од рак во 1999 година, Абдула (59) е крунисан за негов наследник, а Хамза е прогласен за почесен принц, пишува „Ал Џезира“.

Титулата „почесен“ ја добил од почит кон кралот Хусеин кој владеел речиси половина век и за кого се знаело дека Хамза, едно од неговите 11 деца од четири брака, му бил миленик.

Сепак, кралот Абдула подоцна му ја одзел оваа титула и му ја доделил на својот најстар син Ал Хусеин бин Абдула Втори.

Во видеото што го објави Би-Би-Си, Хамза тврди дека не бил дел од никаков странски заговор и актуелната власт во Јордан ја опиша како коруптивна.

За принцот Хамза велат дека е скромен и религиозен, секогаш во контакт со обичниот народ, особина што ја немаат останатите членови на неговото семејство.

Принцот Хамза не го доживуваат како голема закана за јорданската монархија и со години е маргинализиран, но потегот против него претставува прв ваков инцидент во кој е вмешан близок член на кралското семејство откако престолот го наследи кралот Абдула.

Фото: Калил Мазрави/АФП/Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Спаси многу животи, но го изгуби својот: Почина Гоце од Прилеп

Возачот во прилепската Брза помош за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби биитката со коронавирусот. И покрај желбата на целата нација Гоце Илиески на 42 години повторно да застане на нозе и да спасува животи, денеска засекогаш не’ напушти. Беше посветен сопруг и татко на две малолетни деца. […]