fbpx

Беше симбол за убавина: Каде исчезна најзгодната југословенска актерка?

Маја Сабљиќ важеше за една од најубавите и најзгодните актерки во Југославија. Кариерата ја почна уште во далечната 1979 година, а веќе во 1993 година се пресели во Лос Анџелес каде живее на висока нога во луксузен кварт помеѓу Холивуд и Беверли Хилс, пишува српски „Курир“.

Публиката ја памети по филмовите „Пази шта радиш“, „Друга Жикина Династија“ и „Камионџије опет возе“, но и по тв-сериите „Подобар живот“ и „Лавиринт“.

„Повеќе не размислувам за оние две децении поминати во кинематографијата, како тоа да беше во некој друг живот. Во тоа време беше многу поубаво, многу поинакво, се почитуваа други вредности“, изјави Маја во едно интервју.

Беше во брак со американскиот бизнисмен со српско потекло, Ѓорѓе Зечевиќ, се’ до неговата смрт пред четири години.

Сабљиќ не се откажа комплетно од глумата, но многу ретко прифаќа такви ангажмани. Последен пат на екраните се појави пред две години во серијата „Јунаци нашег доба“ на Синиша Павиќ.

Фото: Курир/Марина Лопичиќ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тончи, срцка, ти благодарам за сета добрина: Ленче Николовска неутешна

Од коронавирус на 56-годишна возраст почина Тони Николовски. Пред да биде назначен за посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Аријанит Хоџа, долги години работеше како снимател и монтажер. Николовски е сопруг на Ленче Николовска, поранешна пратеничка на СДСМ и советничка на премиерот Зоран Заев. […]