fbpx

Голи стомаци: Неочекуван тренд на Оскарите

Судејќи по коментарите на модните критичари, на годинашниот црвен килим на Оскарите дефинитивно се издвои еден тренд кој изненади многумина.

Станува збор за фустаните со гол стомак, очигледно овојпат најсоодветен аутфит за повеќето холивудски ѕвезди.

Прекрасната актерка и пејачка Зендаја се одлучи за фустан на модната куќа Валентино која освен по ефективната боја, дојде до израз и по невообичаениот рез на предниот дел од креацијата.

Креација на Валентино одбра и Кери Малиген, а „твитерџиите“ веднаш се пошегуваа дека со ваков фустан нема потреба дополнително да се оптеретува со социјална дистанца алудирајќи на волуменизираниот долен дел.

Андра Деј дефинитивно годинава ја има најсексипилната креација, а нејзиниот златен фустан го потпишува познатата дизајнерка Вера Ванг.

Фото: АФП

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ноќ за историја: Оскар за „Земја на номадите“, шок во актерските категории

„Земја на номадите“ е прогласен за најдобар филм на 93-то издание на Оскарите. Златна статуетка доби и режисерката на ова остварување, Кинеската Клое Жао која испиша историја како прва жена од Азија која победила во оваа категорија и втора жена воопшто. Најголемо изненадување се лауреатите во главните актерски категории. Од истиот […]