fbpx

Ѕверски ја убил мајка си: Игор планирал крвав поход, вмешан и неговиот брат

Игор Дивљаковиќ (27) е уапсен во кафуле по убиството на мајка си, а неговиот седум години постар брат Ренато дополнително го признал злосторството.

Мештаните на хрватското село Шаренград велат дека Игор се подготвувал за крвав поход и дека наводно имал список со луѓе кои планирал да ги ликвидира.

Трагедијата се случила на 29 април кога Игор и Ренато се вратиле од Цриквеница кадешто работеле. Во дворот на семејната куќа околу 18:30 часот ја пречекале мајка им Блаженка (56) која била изненадена што ги гледа, бидејќи не ги очекувала.

По кратка расправија, синовите почнале да ја удираат по глававата и по телото со хебла и до смрт ја претепале.

Според тврдењата, браќата веднаш побегнале од местото на злосторството, но полицијата бргу ги пронашла и им одредила притвор додека трае истрагата, пренесуваат хрватските медиуми.

Жителите на Шаренград се длабоко потресени од трагедијата и со денови зборуваат за овој немил настан. За тамошните портали раскажуваат дека синовите и претходно биле насилни кон мајка си, особено Игор кој имал поголемо досие во полицијата. Токму тој, пред само шест месеци го запалил горниот кат од семејната куќа, а кога дошле на суд, Блаженка и нејзиниот сопруг Ивица ги молеле институциите да го затворат нивниот син, барем додека да се смири.

Родителите на притворените браќа нивните соселани ги опишуваат како мирни и вредни луѓе. Таткото е водоинсталатер, а убиената жена била вклучена во проектот „Посакај“ преку кој им се нуди нега на стари и на изнемоштени лица.

Мештаните откриваат дека Игор пред извесно време западнал во лошо друштво, дека почнал да консумира недозволени супстанци и наводно тогаш почнал насилнички да се однесува.

„Почна да се занимава со нелегална трговија, се’ повеќе му должеле пари, а дури наслушнав дека имал и список со луѓе кои планирал да ги ликвидира“, раскажува еден од соседите.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Приватниот живот на ѕвездите од „Суровиот град“

Нормални луѓе со интересни биографии Турската серија „Суровиот град“ уриваше рекорди на гледаност кај нас, па македонската публика се’ повеќе беше заинтересирана и за приватниот живот на ѕвездите од овој проект. Докажаната актерка Дениз Угур (49) која ја игра госпоѓа Сехер, како во серијата, така и во приватноста е мајка […]