fbpx

Шокантно откритие: Беливук бил монструм од дете

Се’ уште најозборуван криминалец на овие простори е притворениот 36-годишен Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, обвинет за повеќе тешки дела.

Тој и неговите соработници се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства. 

Српските медиумите секојдневно објавуваат нови информации за Беливук, а според еден извор, тој имал исклучително тешко детство и првите знаци на психичко растројство ги покажал во најрана возраст.

Кога имал девет години, татко му извршил масакр во семејниот стан активирајќи рачна бомба. Настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана, а во станот бил и Вељко со уште едно дете за кои соседите се’ уште се чудат како преживеале.

Овие ѕвезди се осомничени дека работеле за Веља Невоља

Инаку, на социјалните мрежи може да се најдат два профила под името „Вељко Беливук“ кои се приватни и на кои има една објава.

На „Фејсбук“ постои профил со истото име од 2013 година, но и таму има само една објава. Не е пронајден ниту профилот на неговата сопруга Бојана, а и немаат ниту една заедничка фотографија.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

По три месеци конечно одлучила да се вакцинира: Се шокирала на лице место!

Американката Кели Хенен (26) од Конектикат не ни насетувала дека одењето на вакцинација ќе ѝ го промени животот. Оваа девојка немала одреден став кон имунизацијата, но пријателите ја увериле дека за нејзино добро мора да се „боцне“, јавува „Конектикат пост“. Поминале три месеци додека да се одлучи. Кога замимнала во […]