fbpx

Шокантни сцени во „Гранд“: Кога јагнињата ќе стивнат, Марија стапува на сцена!

Со причина ја етикетираат како најекстравагантна натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“

Македонската пејачка Марија Груевска со нејзините храбри комбинации и до детали осмислени настапи не престанува да ја изненадува публиката.

Талентираната битолчанка беше калуѓерка, па пееше со змија околу половината, а сега на подиумот ја внесоа две момчиња и интерпретираше со врзани раце.

Инспирација за овој перформанс ѝ беше култниот оскаровски филм „Кога јагнињата ќе стивнат“, конкретно озогласениот Ханибал Лектор.

Присутните во студиото останаа без текст кога го отпеа рефренот „Данас сам луда“.

„Начинот на кој размилсуваш е фасцинантен. Твоите пејачки интервали се толку точни, се’ беше одлично“, ја пофали Ѓорѓе Давид.

Нејзиниот ментор Мили нагласи дека Марија секојпат внесува нешто ново во шоуто и дека таа е иднината на „Ѕвездите на Гранд“.

Јелена Карлеуша, пак, дополни дека овој концепт не може баш секој да го разбере.

„Треба да негуваме вакви луѓе, а јас секогаш ќе гласам за уметност и за концепт“, порача таа.

Груевска веќе подолго време се обидува да направи посериозен пробив на естрадата. Студира Музичка академија и неодамна откри дека има уште само два испита до дипломирањето.

„Музиката е нешто кое не се меша со омраза. Како маслото со водата. Некој можеби од незнаење ќе се обиде да ја обезвредни, ама таквиот не ја обезвреднува музиката, туку себе си. Музиката е израз на чувства, запазувања и визија. Немаме сите исти чувства. Сакам сѐ што е популарно, таков смер и изучувам. Музиката и омразата не одат заедно“, раскажа таа во едно интервју.

Фото: З.К.Муња/Д.Милошевиќ/Гранд онлајн

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Рајот не можеше да те чека: Сестрата на Лазар со трогателна посвета

Не стивнуваат реакциите по смртта на 18-годишниот Лазар Кујунџиќ која го вознемири регионот. Момчето кое мистериозно исчезна во белградска населба Банјица, беше пронајдено мртво. Неговата сестра објави трогателна посвета на социјалните мрежи. „Бато мој, животу мој.. Повторно ќе се видиме еден ден. Рајот не можеше да те чека“, напиша таа. […]