fbpx

Два различни света: Зошто се разделија Дунавка и Ване?

Се надеваме дека Бог ќе нè благослови со сето она што е потребно за да напишеме убави страници и во новата 2021-ва година, напиша Цветанов на почетокот на годината

Поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, со пријателите на „Фејсбук“ сподели дека ја раскинал веридбата со познатата манекенка и модел Дунавка Трифуновска.

Цветанов сега во подолг пост ги откри причините за разделбата.

„Дунавка е прекрасна личност, искрено ѝ ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш.. Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца. Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси“, напиша тој.

Двојката се најде во фокусот на медиумите пред неполна година кога токму Цветанов откри дека се во врска објавувајќи фотографии од нивно романтично патување во Турција.

На изненадување на многумина, Дунавка која е позната по директните изјави без влакна на јазик, откако ја потврди врската со Цветанов, многу попретпазливо зборуваше за приватниот живот.

Фото: Фејсбук

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Се огласи Дунавка по разводот со Ване: Ваков одговор никој не очекуваше!

Поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, вчера на „Фејсбук“ откри дека не е повеќе со Дунавка Трифуновска. Денеска на истата социјална мрежа се огласи и познатата манекенка и модел. „Иако „Фејсбук“ за мене не е медиум како и злоупотребата на моето име на […]