fbpx

Цветанов: Кога почнувам врска со жена во вистинска смисла на зборот, јавно ја објавувам

Поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, пријатно ги изненади пријателите на „Фејсбук“ споделувајќи детали од својот приватен живот.

Преку фотографии споделени на социјалните мрежи тој откри дека е во врска со поранешната манекенка и модел Дунафка Трифуновска.

– Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно. После мојата вчерашна објава се разбрануваа голем број на луѓе и следеа доста реакции. Повеќе од 95% беа позитивни честитки и посакување среќа. Изразувам искрена благодарност за убавите честитки и коментари до сите кои што од срце се израдуваа и честитаа преку оваа прекрасна фотографија. За оние 5% кои што имаат нејаснотии, им посакуваме да си ја пронајдат својата среќа. Од срце Ви испраќаме гушки и поздрави од Турција – напиша тој на „Фејсбук“.

Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“. Во октомври 2014 е осуден на три години затвор, а Апелациониот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во рок од пет години не стори ново кривично дело.

Следни Објави

Вакцината доаѓа за две недели: Еве кој прв ќе ја прими!

За помалку од две седмици, Русија планира да биде првата земја во светот којашто ќе ја одобри вакцината против коронавирусот. Руските власти за „Си-ен-ен“ изјавиле дека работат на вакцината што ја разви московскиот институт Гамалеј, а истата ќе биде одобрена и за јавна употреба до 10-ти август, а можеби и […]