fbpx

Се огласи Дунавка по разводот со Ване: Ваков одговор никој не очекуваше!

Поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, вчера на „Фејсбук“ откри дека не е повеќе со Дунавка Трифуновска.

Денеска на истата социјална мрежа се огласи и познатата манекенка и модел.

„Иако „Фејсбук“ за мене не е медиум како и злоупотребата на моето име на истиот во определени статуси со цел да бидат сензационалистицки е одобрен, моите одлуки се истите што сум ги донела во јуни минатата година. Истата сум и јас. Мојата одлука дека минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста, а ни малку да биде „едно“ со иднината, кога ќе биде испочитуван, тогаш може да гледаме други епизоди. До тогаш, господинот треба да се посвети на своите обврски, своите функции и своите деца. Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата „како мама каже“ е личен избор. Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да умее да ги постави своите државнички интереси пред личните. Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година. Тоа е мој став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајна закажана средба од негова страна на која не бев информирана дека ќе биде присутен! Јас тајни немам. Чувам туѓи тајни, тоа го правам маестрално. Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците, за да го имаш сонцето“, напиша Трифуновска.

Цветанов синоќа во подолг пост ги откри причините за разделбата.

Двојката кој пред неколку месеци склучи црковен брак, се најде во фокусот на медиумите лани летото кога токму Цветанов откри дека се во врска објавувајќи фотографии од нивно романтично патување во Турција.

На изненадување на многумина, Дунавка која е позната по директните изјави без влакна на јазик, откако ја потврди врската со Цветанов, многу попретпазливо зборуваше за приватниот живот.

Фото: Фејсбук

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Данијела почина од корона: Се породи пред еден месец, бебето никогаш не го виде

Се уште се бројат жртви кои секојдневно ја губат битката со коронавирусот. Една од најпогодените јужноамерикански земји е Аргентина каде, за жал, редовно умираат млади луѓе, меѓу кои и трудници кои се испостави дека се најризична група. Уште една тажна вест овојпат ни доаѓа од Сан Хуан. Од последици на […]