fbpx

Забремени на 11 години: Кога ја однеле на психолог, слушнале болна вистина

Единаесетгодишно девојче се пожалило на болки во стомакот пред да биде однесено во болница и лекарите да констатираат дека е во 17-та недела од бременоста.

Оваа вест ги шокирала нејзините родители, а во прв момент ќерката не сакала со никого да разговара.

Конечно, еден психолог од аргентинската клиника Гилјермо Ровсон ги искористил своите вештини да ја добие нејзината доверба. Тогаш таа ја открила страшната вистина. Му открила дека ја силувал Хектор Торес Силес (45), сопственикот на фабриката во која работат мајка ѝ и нејзиниот очув.

Силес очигледно ја искористил шансата додека нејзините родители биле на работното место, а веројатно злосторството го направил заканувајќи му се на детето да молчи.

Обвинителката Валентина Бучарели нареди итно апсење на осомничениот.

За целиот случај се крена дополнителна прашина откако се дозна дека токму Силес го финансирал школувањето на девојчето, бидејќи семејството е сиромашно. Очигледно тој ја злоупотребил довербата на најлош можен начин, пишуваат тамошните медиуми.

За неколку дена ќе се знае што ќе покаже ДНК-анализата и доколку Силес биде прогласен за виновен, уште долго ќе остане зад решетки.

Инаку, бременоста морала да биде прекината, а предвидени се и психолошки третмани за жртвата.

Илустрација: Ансплеш

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не е завршено нашето судење: Велевска открива зошто не живее со децата

Елена Велевска одлучи да открие нови детали за приватниот живот. Познатата фолкерка призна дека не живее со своите три деца Софија, Калија и Марко кои ги има од бракот со бизнисменот Марјан Мирчески. „Многу е потешко сега нашето гледање, бидејќи тие се во Охрид, а јас сум во Прилеп. Но, […]